evia✳planetЗакажете средба ↗

ПРВА ГРУПА · ДО 5 E-COMMERCE БИЗНИСИ

Вашите производи.
Нашиот систем.
Една планета.

Ја градиме вашата веб-продавница, ги водиме рекламите и содржината. Вие ги подготвувате пратките. Заедно ги следиме вистинските бројки.

1.500 € / месечно · Рекламниот буџет се плаќа одделно.

eviaplanetВАШИОТ БИЗНИС, ПОВРЗАН.
01 Веб-продавница ↗
02 Meta реклами ↗
03 Креативи и содржина ✳
04 Финансиски преглед ↗
Производна фотографија на обувкиОд производ до нарачка.
ИСКУСТВО ОД СОПСТВЕНИ ПРОЕКТИCHEKICHLORIENNAKITITRENDORA

ЕДЕН ПАРТНЕР. ЦЕЛОСНА СЛИКА.

Сè што ја движи
вашата онлајн продажба.

Од првиот клик до испорачаната нарачка — со јасни одговорности и трошоци.

01 / ПРОДАВНИЦА

Вашето место за продажба.

Мобилна веб-продавница, производи, варијанти, залиха, кошничка и нарачки со плаќање при достава. Изработка и тековно одржување во договорениот опсег.

02 / РЕКЛАМИ

Од креатива до тест.

Планирање и управување со Meta кампањи, тестирање понуди и креативи, контрола на буџетот и неделен преглед.

03 / СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Препознатливи, секој ден.

До 30 објави + 30 приказни месечно, приспособени за Instagram и Facebook. Креативи, текстови и календар со одобрување.

04 / ФИНАНСИИ

Бројки што можете да ги објасните.

Испорачани продажби, набавна цена, реклами, достава, плати и Evia надомест. Личен панел, сопствена најава и извоз на податоци.

БЕЗ КОМПЛИЦИРАЊЕ

Од запознавање
до секојдневна работа.

  1. 01

    Кратка пријава.

    Што продавате, колку чини и каков буџет имате. Прво проверуваме дали моделот има смисла.

  2. 02

    Лична средба.

    Ги гледаме вашите производи и нашите реални проекти. Договараме опсег, трошоци и мерлив критериум за успех.

  3. 03

    Подготовка и 10 дена тест.

    Тестот почнува откако продавницата и рекламите се подготвени. Рекламниот буџет го плаќате директно на Meta.

  4. 04

    Преглед и продолжување.

    Ги усогласуваме испораките, враќањата и трошоците. Надоместот се активира според договорениот критериум и писмена согласност.

Ние: продавница, креативи, реклами, објави, извештаи и советување.

Вие: точни цени и залиха, пакување, испорака, пораки и корисничка поддршка.

ПРВО МАТЕМАТИКА. ПОТОА РЕКЛАМИ.

Колкав простор
има вашиот производ?

Пробајте три сценарија за 30 дена. Ова е пресметка со ваши претпоставки, не прогноза или гаранција за заработка.

Вашите претпоставки

CPA се однесува на примена нарачка. Испораките се пресметуваат одделно. Примерниот курс може да го измените.

МЕСЕЧЕН РЕЗУЛТАТ · ПО СИТЕ ВНЕСЕНИ ТРОШОЦИ

Вклучен Evia надомест: 1.500 €.

Резултатот е пред даноци и невнесени трошоци. Зголемувањето на буџетот не гарантира иста CPA. Податоците од Chekich и Lorien ги разгледуваме на средба; не ги пренесуваме како ветување за вашиот производ.

Да ги провериме бројките заедно ↗
Креативна фотографија на дуксерКреативна фотографија на моден додаток

ИСКУСТВО ОД ПРВА РАКА

Го работиме ова
и за нашите брендови.

Енес Ибраими го гради Evia со искуство од Chekich, Lorien, Nakiti и Trendora — производи, кампањи, продавници и секојдневна операција.

На личната средба ви го покажуваме процесот во живо и релевантни резултати со јасен период и трошоци, без откривање податоци на купувачи.

Запознајте го вашиот партнер ↗

EVIA PLANET · ПАРТНЕРСТВО СО ЛИЧНО ВНИМАНИЕ

Цел систем.
Еден месечен надомест.

1.500 € / месечно

Веб-продавница + Meta управување + креативи + социјални мрежи + финансиски панел + советување.

Пријавете го вашиот бизнис ↗

Првата група е ограничена на 5 прифатени бизниси. Пријавата не е резервација и не се наплаќа автоматски.

Да ги разјасниме деталите.

Кога се плаќа надоместот?

По подготвеноста следи 10-дневен оперативен тест. На средбата однапред запишуваме како се мери успехот, кои трошоци влегуваат и како се обработуваат доцните испораки и враќањата. Потоа заеднички го потврдуваме продолжувањето и датумот на плаќање. Нема автоматска наплата.

Дали рекламниот буџет е вклучен?

Не. Го плаќате директно на Meta од сопствената рекламна сметка. Ние управуваме во однапред одобрен лимит. Домен, надворешни платени услуги и посебни интеграции се наведуваат во понудата пред почеток.

Што ако немам веб-продавница?

Ја подготвуваме во рамки на договорениот опсег: каталог, варијанти, залиха и нарачки. Пред тестот се проверуваат производите, цените, мобилното купување и доставата.

Дали гарантирате заработка?

Не. Договараме работа, буџет и критериуми што можат да се проверат. Калкулаторот покажува сценарија. Реалниот резултат зависи од производот, побарувачката, рекламите и испораките.

Дали ова е официјално сметководство?

Панелот е управувачки финансиски преглед. Ги одделува приходот, трошоците и наплатата. За даночни пресметки и законско сметководство работите со вашиот сметководител.

Ми требаат само објави и приказни.

Погледнете ги социјалните пакети на Evia со 5-дневна проба. Planet е посебна услуга за целосно управување со e-commerce.

СЕЛЕКЦИЈА ЗА ПРВАТА ГРУПА

Не секој бизнис.
Вистинското партнерство.

Ги разгледуваме категоријата, производите, залихата и буџетот. Прифаќаме соработка кога веруваме дека можеме да донесеме вредност.

Кажете ни за вашиот бизнис.

Три кратки чекори. Ако гледаме потенцијал за заеднички раст, ќе ве контактираме по телефон или е-пошта за разговор и лична средба.

Аплицирајте за Planet ↗

Пријавата е бесплатна и не активира услуга или наплата.